Презентирана веб алатката на фондација „Фокус “ www.prioriteti.focus.org.mk

Written by Dejan Ristov. Posted in Актуелно, Новости

На директна средба со граѓаните на општина Велес, Фондација „Фокус“ ја претстави веб интерактивната алатка www.prioriteti.focus.org.mk на која велешани може да ги даваат своите предлози за развојот на локалната заедница во текот на целата година. На заинтересираните граѓани им беше објаснет начинот на кој функционира веб алатката и како тие може да ги достават своите предлози.

prioriteti-04 Продолжи да читаш »

Фондација Фокус: Граѓани и Вие, дајте придонес за вашата заедница

Written by Dejan Ristov. Posted in Актуелно, Новости

Со свои предлози за актуелни проблеми од месната или урбаната заедница во која живеат, граѓаните на Велес може да учествуваат во развојот на општината и да ја направат подобро место за живеење. Доколку граѓаните сметаат дека може да се направи нешто повеќе во нивната околина како на пример асфалтирање на улица, поставување на фекална и атмосферска канализација, поставување на улично осветлување, нова зелена површина, најдоцна до 16 овој месец предлозите можат да ги поднесат на веб страницата на општина Велес, www.veles.gov.mk или пак во хартиена форма да ги достават во просториите на општината. Токму затоа Фондација за локален развој и демократија Фокус ги повикува граѓаните да ги достават своите предлози до општината и на тој начин истите да влезат во нацрт програмите за работа на општината за следната 2017 година.

press-prioriteti

Продолжи да читаш »

Фондација Фокус ги прибира потребните документи за упис на студент

Written by Dejan Ristov. Posted in Млади, Образование

Фондација за локален развој и демократија Фокус собра вкупно 13 илјади денари во акцијата за собирање парични средства за упис на студент од социјално немоќно семејство. На некој од државните факултети во државата Фондација Фокус годинава ќе помогне да се запише еден студент и за таа цел ги повикува сите заинтересирани млади од Велес кои потекнуваат од социјално немоќно семејство да ги достават потребните документи во просториите на Фондацијата, кои се наоѓаат на улица Солунска 2А во центарот на градот, поточно спроти менувачница Североф.

press2

Продолжи да читаш »

Фокус ја започна хуманитарната акција за собирање средства за упис на студент од социјално немоќно семејство

Written by Dejan Ristov. Posted in Новости, Образование

Фондација за локален развој и демократија Фокус ги започна активностите за собирање средства за упис на студент од социјално немоќно семејство на еден од државните универзитети. Во саботата тимот на Фокус постави касичка во ресторанот на базен Снупи, како општествено одговорна фирма и ги повика присутните гости да донираат кој колку може.

kasicka4

Продолжи да читаш »

Велешките претпријатија не знаат како да се заштитат од нелојална конкуренција

Written by Dejan Ristov. Posted in Новости

Малите, микро и средни претпријатија во Велес па и оние поголемите не знаат како да се заштитат од нелојалната конкуренција на пазарот. Тие се соочуваат со конкуренција но не знаат кој е органот кој може може да ги заштити од неа. Ова се резултатите од испитувањата што ги спроведе Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со Македонскиот центар за европско образование меѓу педесетина фирми во Велес.

promocija-vodic_3 Продолжи да читаш »

Велешани со урбана кино проекција

Written by Stefan Karakachanov. Posted in Култура, Млади

Членовите од Медиа Арт клубот при Младинскиот образовен форум од Велес на плоштадот С’рмаале подготвија урбано кино на отворено. По низа предавање од уличната уметност и стекнување на вештини за цртање изработија сопствен арт телевизор каде пректираа документарениот филм со наслов Banksy vs Robbo & The Graffiti War.Младите ентузијасти од Велес ја сфаќаат потребата на нивните врсници и на сите млади во градот за потребата на кино сала во нивниот град.

sl9

Продолжи да читаш »

Вчерва Kino.unzip во Велес

Written by Dejan Ristov. Posted in Млади, Новости

Членовите на Медиа Арт клубот од Велес во рамките на модулот Улична уметност подготвија урбано кино за велешани, затоа поминете вечерва во 19 часот на плоштадот С’рмаале да го проследиме избраниот филм. tv cover

Продолжи да читаш »

Младинска иницијатива на средношколци во Велес

Written by Stefan Karakachanov. Posted in Вклучи се, Млади, Новости, Образование

flaer debata finale „Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог – ЦИД. flaer debata finale Продолжи да читаш »

Исповед на средношколка – неправедност во образовните институции

Written by Ilina Dimovska. Posted in Актуелно, Колумни, личен став, Млади, Образование

Пак јас со долгите текстови. И овој пат сакам секој да прочита бидејќи на крајот на денот, блоговите и социјалните мрежи се најмоќни алатки за споделување на ставови и искуства.

Во последново тромесечие на училиште, поконкретно СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, минев низ едно патешествие што не би му го посакала ни на најголемиот непријател. Накратко, објавив статус во кој си ко искажав ставот околу бркање на учениците кои беа без униформи на патронатот на Гимназијата.

За статусот бев повикувана на разговори со директор и служба кои се почувствувале многу навредени и изненадени, и ги болеше тоа дека ја кажувам вистината за тоа што се случува во Гимназијата. Разговорите беа писхичко малтретирање за мене поради начинот на кој ми се обраќаа, и фактот дека тројца восрасни особи и се нафрлија на ученичка од 16 години. Добив закана, или ај подобро да речам соопштение дека ќе бидам санкционирана поради ФБ статус.

Само еден факт: педагошки мерки се изрекуваат на ученик само доколку тој дејствувал со нешто во училиштето или за време на настава, еве конкретно ако станува збор за навреда, ако навредам професор на училиште ќе ми биде изречена педагошка мерка, но не и ако навредам професор на улица после часови. Патем, немам навредено никој во образовна институција.

Враќајки се на приказната, со самиот овој факт погоре, констатацијата е дека училиштето како институција нема никакво право да ми изрече педагошка мерка, знаејќи дека социјалните мрежи се место каде секој може да кажува што сака, секојдневно сме сведоци на тоа.

Бев во невладина, имав пријатна ноќ, оценките ми се сосема океј. Насмеана си доаѓам дома и мајка ми ме пречекува со зборовите „Имаш незадоволително поведение.“. Патем, во цело полугодие се на се имам 2 неоправдани. Од доцнење инаку.

И тука веќе пука филмот. Не можам да издржам па затоа и го пишувам ова. Не можам да го занемарам ова што се случува.

За да се изрече педагошка мерка, потребно е да се завери записник, да се свика совет, да се донесе одлука, одлуката да се достави до родител и да има потпис од родител.

Еве ќе ви кажам, ништо од тоа не се случи. Ниту јас ниту мој родител се потпиша на записник, ниту беше доставена одлука до моите родители, ниту некој се потпиша на одлука.

Можда малку се тресам додека го пишувам ова. Не од страв, туку од гнев. Гнев спрема системот, гнев спрема образовната институција во која се школувам, гнев спрема кукавиците и оние кои учествуваат во оваа неправда. Да, неправда е. Само не знам како во очи ќе ме гледаат тие луѓе во мојата преостаната една и пол година од школувањето во Гимназијата. Навистина, како ли ќе ме гледате во очи? Еднаш нанесена неправда е засекогаш нанесена неправда.

Мислеа дека ќе можат да ме заплашат, ама очигледно не им успеа. Без разлика на фактот дека со тоа поведение можда нема да можам да се запишам на факултет (и ќе бидам приморана да останам тука нели). Без оглед на сите малтретирања и притисоци кои ги доживеав во изминативе два месеци.

Од кога ги разгледав законите и разговарав со стручни лица, си реков себеси: „Доколку пробаат да ми наштетат, излегувам во јавност со приказната, без влакна на јазик“. Немојте да се лутите за ова, само си стојам на својот збор.

Диктатура е тежок збор за ова. Подобро би рекла, кажувај си се што сакаш, меѓутоа подоцна ќе се сносиш со последиците ако нам не ни се допаѓа она што го кажуваш.

Сакам да му се обратам на секој кој го чита ова. Ако си кукавица ќе просперираш. Ако преќутуваш ќе просперираш. За жал, кај нас е така. А не треба да е така. Ако сакаш да направиш промена, почни од себе и искажи си го својот став. Ова го споделувам не за да заплашам некој, туку напротив, да охрабрам. Секој да си стои цврсто на она што го мисли и да не потпаѓа под влијанија, притисоци или закани. Или некои неправедни и нерегуларни педагошки мерки. Средното образование ќе го паметам по ова. Ќе го паметам по неправдите, притисоците, кукавиците, луѓето со лоши намери, несоодветните образовни реформи. Таа е ерата во која живеам и јас, и моите врсници. Да застанеме еден зад друг и да се бориме против овие неправди.

Да сумирам: на одличен дисциплиниран ученик му ставија незадоволително поведение поради Фејсбук статус.

-Илина Димовска

Стихозбирката „Расцутување“ на Божидар Јовиќ во зборникот на македонска книготека

Written by Dejan Ristov. Posted in Култура

Откако го заврши својот работен стаж како просветен инспектор во општина Велес и по неколку објавени книги од областа на образованието и голем број стручни педагошки и публицистички текстови, Божидар Јовиќ продолжи да пишува. Поезијата е сега неговата најголема љубов од литературата. Неговата прва збирка поезија „Расцутување“, издадена пред две години, деновиве се најде во зборникот на македонска книготека. Во стихозбирката се содржани 70 песни во кои Јовиќ ја обработува вечната тема на младоста, љубовта и природата. Како инспирација му послужиле неговите средношколски и студентски години, а токму затоа стихозбирката ја наменува за младите од 18 до 20 години.

kniga-cita-bozo Продолжи да читаш »

Неделни настани

  • е-Општество: Млади и медиуми